

Прва ТВ од Србија во известувањето на репортерот од Скопје објави дека можно е да постои сведок на убиството кај Железарското езеро во кое беа убиени 4 момчиња и 45 годишен рибар.
Во синоќешното издание на вестите Прва ТВ вели дека имаат информации дека постои сведок односно дека 1 човек можеби го преживеал стравичното убиство. Според оваа телевизија, македонската полиција нашла и црн џип во близина на граничниот премин Блаце, за кој се сомнева дека го користеле извршителите на грозоморното убиство.
Информацијата за наводниот сведок МВР не ја потврди и уште еднаш потенцираше дека во интерес на истрагата во моментот не можат да поделат со јавноста повеќе детали за случајот.
За во 15 часот закажа прес конференција во полициската станица Гази Баба, каде што е седиштето на Оперативниот штаб, и најави дека ќе се соопштат новите информации. За денеска беше исто така најавено дека полицијата ќе земе изјави од семејствата на убиените.
Погледнете го видеото тука.
| © 2012 - 5fm.mk Дизајнирано од: Digital Pro Design |