

Нова фудбалска трагедија попладнево се случи на фудбалските терени.
За време на натпреварот Пескара - Ливорно од Серија Б во Италија, играчот на Ливорно Пјермарио Моросини (25 години) претрпе срцев удар, а по укажаната прва помош беше префрлен во најблиската болница, каде докторите не успеаја да го спасат неговиот живот.
Натпреварот беше прекинат во 31.минута кога Моросини падна на теренот, а фудбалската федерација на Италија ги одложи сите натпревари од Серија А и Серија Б кои требаше да се одиграат вечерва, утре и задутре.
| © 2012 - 5fm.mk Дизајнирано од: Digital Pro Design |